СДСМ: Дојде власт која очигледно верува само во суров капитализам каде тие се возат со бизнис класи, а граѓаните врзуваат крај со крај

од Milan1
54 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата, велат од СДСМ.

– Политиките кои ги најавува Мицкоски, не само што нема да доведат до раст на платите, туку ќе предизвикаат зголемување на сиромаштијата, зголемување на социјалните разлики и следствено на тоа, огромно разочарување на работниците.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаа шанса да ги прифатат амандманите на СДСМ и да покажат дека добрите политики на растот на платите треба да продолжат и дека знаат да го ценат трудот и се грижат за стандардот на луѓето.

Наспроти тоа, тие само покажаа дека ќе водат политики во интерес на мал круг на луѓе. Нивниот економски концепт е заснован на промовирање на евтината работна сила.

Граѓаните знаат дека и во најтешките економски услови, во услови на кризи и економска апокалипса, СДСМ се грижеше секој да живее достоинствено и парите ги насочуваше да им помогне на луѓето полесно да го поминуваат секојдневието.

Дојде власт која очигледно верува само во суров капитализам каде тие се возат со бизнис класи, а граѓаните врзуваат крај со крај.

Работниците брзо ќе дојдат по своето и ќе ја препознаат огромната измама наречена економска преродба во ново пакување која ја сервира ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа политика единствено ќе се преродат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и грст луѓе околу нив, додека народот ќе пати.

СДСМ останува на страна на работниците и на политиките кои гарантираат повисоки плати, а не на политиките каде растот на платите е по желба и одлука на малкумина. Овој модел еднаш доживеа тешка катастрофа, а сега ВМРО-ДПМНЕ н го сервира на уште побрутален начин. Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини