СДСМ: Доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако беа споделени низа на скандали

од Nikola Popovski
319 прегледи

СДСМ го коментираше фактот што Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ја напушти владеачката коалиција. Според партијата, тоа е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека премиерот Христијан Мицкоски ја води државата во провалија.

-Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта.

За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски, порачаа од најголемата опозициска партија.

Едното крило на Алијансата за Албанците одлучи да ја напушти Владата и да се приклучи на опозицијата по двочасовен состанок со претставници на владејачката коалиција. Како што изјави Арбен Таравари, оваа одлука следела по незадоволството што го чувствувале подолго време, а како дел од причините ги наведе „балансерот“, алатка што се користела при вработување во државните институции со цел да се обезбеди соодветна и правична застапеност на етничките заедници и Законот за јазиците. Тој додаде дека „никој не е роден во владата“.

Веднаш се огласија двајцата лидери на ВЛЕН – Изет Меџити и Биљал Касами. Првиот истакна иронично дека Таравари се враќа на црната листа и дека ја предал Владата, додека вториот вели дека се уште актуелниот министер за здравство избрал да ја игра улогата на тројански коњ и цело време правел притисок одвнатре за да нема резултати.

Се очекува испразнетото место во ресорот здравство да припадне на ВМРО-ДПМНЕ, додека ВЛЕН да добијат друго место во Владата.СДС

Слични содржини