СДСМ, ДУИ и Левица со гласањето на буџетот на Арсовска си овозможија тегла со мед, велат од партијата на Мицкоски

од Nikola Popovski
200 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да негодува за изгласувањето на Буџетот за Град Скопје за 2024 година. Од партијата се децидни дека СДСМ, ДУИ и Левица се во коалиција во Советот на Град Скопје.

-Нивната соработка и нивната поддршка на Арсовска се потврди повторно со гласањето на буџетот на Градот на Скопје, буџет кој е неразвоен, со кој се укинуваат капиталните инвестиции и се намалуваат субвенциите.
Овој буџет е најлошиот буџет кој го имал Градот и освен пари за сомнителни тендери не нуди ништо за граѓаните.
СДС, ДУИ и Левица со гласањето на буџетот на Арсовска си овозможија тегла со мед, во која ќе ги брцаат рацете, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, единствено добро во целата ситуација е што сите граѓани можат јасно да ја видат оваа коалиција која освен што се лепи со многу мед, меѓусебно се привлекува и со непринципиелноста и меракот за матни бизниси.

-Арсовска во СДС, ДУИ и Левица си најде сродни души, кои како попчиња и го гласат буџетот за новата изгубена година, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“, Советот на град Скопје пред два дена го усвои градскиот буџет за 2024 година.

Слични содржини