СДСМ: Финансиската поддршка е значајна за граѓаните, Мицкоски да го преиспита однесувањете

од Маја Анчевска
164 прегледи

Христијан Мицкоски треба да го преиспита своето однесување во однос на навредите кон народот, не му се граѓаните криви за неговите погрешни политики во време на најголема економската криза, соопштуваат од СДСМ.

Според СДСМ народот не е фрустриран како што вели Мицкоски, граѓаните со право очекуваат помош во справувањето со последиците од кризите, а последниот пакет антикризни мерки вреден 400 милиони евра е токму тоа.

– Финансиската поддршка на владата е значајна за граѓаните. Пакетот антикризни мерки го штити стандардот на граѓаните и им помага на компаниите. Во време на криза, повеќе пари се насочуваат кон семејните буџети и сериозно им се помага на компаниите да ги задржат вработените и да продолжат со работа, сооштува СДСМ.

Партијата СДСМ потенцира дека Мицкоски продолжува да дејствува на штета на граѓаните и државата.

– Од Мицкоски граѓаните ниту видоа ниту ќе видат конструктивност, тој како и за време на пандемијата со коронавирусот не прави ништо освен што неосновано напаѓа и ја плаши јавноста со црни сцеранија.