„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок на Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.
Според неа, поставен на браникот на криминалот, токму Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство.
„ВМРО-ДПМНЕ, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии.
Почитувани, јасна е поврзаноста меѓу Христијан Мицкоски и Орце Камчев.
Она што е важно е дека докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови.
Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара“, соопшти портпаролката.