За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги почитува коалициските договори. Премиерот што ќе обавува техничка одлука ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена мандат од оваа Влада и уверени дека сме на следните избори, ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од СДСМ. Ова го изјави денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во однос на актуелната тема со најавите за прв премиер Албанец.
Ковачевски потенцира дека граѓаните сакаат проевропска Влада.
-Влада за европска иднина, која ги зголемува платите и пензиите, која на дневна основа следи ограничување на цени на производи, која во време на криза прави антикризни мерки, а не блокира Собрание. Интерните кампањи на ДУИ не би ги коментирал бидејќи тие се во процес на внатрешна кампања со креативни слогани. Премиерот на државата го бираат граѓаните и има одговорност да ги води политичките процеси до следните избори. Техничкиот премиер има мандат само да ги спроведе изборите. Немам воопшто проблем да има технички премиер кој што е Албанец или припадник на било која друга етничка припадност од државата. Тоа не е професија. Сме имале и премиер Влав кој што успешно ја водел државата. Секој кој што е професионален може да ја води Владата, особено во технички мандат кога единствено треба да се спроведат изборите, кажа премиерот на прес-конференција во Владата.