ЛИбертас од високи извори во СДСМ вечерва објави дека раководството одлучило вечерва да ги повлече своите членови во Државната изборна комисија затоа што не ја прифаќа понудата за, како што велат пазарење, односно проверка на само 70 до 80 илјади сомнителни гласачи.

За СДСМ е доказ тоа што по вкрстувањео на податоците на базите проблематични се над 490.000 запишани гласачи, а за барем 54.000 запишани избирачи во Избирачкиот список нема никаков издаден биометриски документ од соодветните институции, чие пак поседување е услов за некој граѓанин да го оствари правото да гласа, пишува порталот.
Партијата инсистира на терен да се оди отако ќе се усвои резултат од извешајот од вкрстената проверка на базите./Либертас