
СДСМ вечерва преку соопштение го осуди насилството и денешниот инцидент во скопската општина Шуто Оризари во кој е повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам.

Партијата истакнува дека насилството е неприфатливо и апелира институциите да го расчистат случајот.
СДСМ ги повикува сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.