СДСМ: Го поддржавме законот, а ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци

од Nikola Popovski
13 прегледи

СДСМ ја поддржа иницијативата во македонското Собрание преку законски измени да се намалат патните трошоци на пратениците, соопштија денеска од партијата во опозиција. Оттаму критикуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци.

-Уште во 2018 година, кога СДСМ беше власт, на иницијатива на нашата пратеничка група беа поднесени и донесени законски измени со кои патните трошоци се намалија за најмалку една третина. Нашиот пристап кон ова прашање отсекогаш бил принципиелен и одговорен а не популистички.

СДСМ смета дека се потребни дополнителни законски измени кои ќе предвидат:

-Воведување механизам за поголеми казните за можни злоупотреби на патните трошоци.
-Воведување на ограничување со кое пратеници кои имаат станови во Скопје нема да имаат основа за наплата на патни трошоци.

СДСМ ќе продолжи да се залага за политики кои го штитат јавниот интерес и одговорно трошење на парите на граѓаните, стои во партиското соопштение.

На денешната собраниска седница не помина предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците. По обраќањето на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање за да се донесе по скратена постапка. Иако во собраниската сала имаше 100 присутни пратеници, „за“ гласаа 23 пратеници, еден беше „против“, а немаше „воздржани“.

Пратеничката Даниела Белимова од движењето ЗНАМ денеска изјави дека нивниот став во врска со предложените измени на Законот за пратеници, а кои се однесуваат на патните трошоци останува принципиелен, како и дека ќе ги игнорираат сите предлози дојдени од Левица, чија единствена цел, како што рече, е популизам и креирање театар.

Слични содржини