СДСМ го прашува Мицкоски дали ќе го повика Трипуновски на одговорност или ќе продолжи да го штити по скандалот во Платежната агенција

СДСМ: Само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт се суспендира ИПАРД, корупцијата цвета во власта

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: СДСМ

СДСМ соопшти дека се потврди најлошото – ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Според партијата, земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на, како што велат, кадрите од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, „Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста“.

-Прашањето сега е кој ќе понесе одговорност за овој мега скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Кој ќе одговара за криењето информации од јавноста?

Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка?

Оние што се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Мицкоски и блиски соработници на Трипуновски од министерството, затоа политичката одговорност за овој случај мора да има. Ќе го повика ли Мицкоски на одговорност Трипуновски или ќе продолжи да го штити, прашаа од „Бихаќка“ по скандалот со поткупот, поврзан со директорот на Платежната агенција кој доаѓа од редовите на најголемата владеачка партија.