СДСМ го разобличи скандалот: Тошковски под притисок призна за братот на Стефковски

од Марта Пешевска
66 прегледи

Откако денеска СДСМ го објави скандалот со братот на градоначалникот Стефковски, поткрепен со видео докази, министерот Тошковски беше принуден јавно да го признае. Да не беа објавени доказите од СДСМ, скандалот ќе останеше скриен, а никој немаше да биде санкциониран — токму она што е веќе јавна тајна кога се во прашање функционерите на ДПМНЕ кои се однесуваат како шерифи, со знаење и поддршка од Тошковски.

Денешното признание на Тошковски потврдува две клучни работи:
Прво, дека СДСМ објавува вистинити информации. Второ, дека функционерите на ДПМНЕ, заедно со нивните браќа, сестри и роднини, не ги почитуваат законите, а институциите предводени од Тошковски го прикриваат тоа. Граѓаните не се наивни — доколку СДСМ не објавеше јавно, скандалот ќе останеше заташкан. Скандалите кои го тресат МВР веќе не се ни бројат. Во Министерството владее хаос и своеволие, кое само ќе продолжи да излегува на виделина.

Уште колку скандали треба да се случат за Тошковски конечно да поднесе оставка? СДСМ ќе продолжи гласно да се бори за правда, законитост и за интересите на граѓаните.

Слични содржини