СДСМ: Гори депонијата во Конче, а властите молчат – Жителите дишат отровен чад!

од Марта Пешевска
22 прегледи

Во близина на населбата Конче се шири чад од општинската депонија која гори, а локалната власт не презема ништо за да го реши проблемот. Жителите од околината секојдневно се изложени на штетниот чад, но, според објавата на ОО СДСМ Конче, надлежните остануваат рамнодушни и не ги преземаат потребните мерки.

Граѓаните велат дека додека тие страдаат од загадениот воздух, локалните власти кои не живеат во близина не се доволно заинтересирани да интервенираат. Оваа состојба предизвикува загриженост за здравјето на луѓето и околината, а засега нема видливи активности за гасење на пожарот или за спречување на повторување на вакви случаи. Од ОО СДСМ Конче апелираат до надлежните итно да реагираат и да го решат овој долгогодишен проблем со општинската депонија.