„СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев континуирано покажува вистинска грижа за граѓаните преку реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и носат напредок и развој на општините“,соопштија утрово од Бихаќка.
„Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, секое село.
Само со СДСМ и „Најдоброто” продолжува силниот тренд на раст на инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за алтернативниот туризам и локалниот економски развој.
Како одговорна, социјалдемократска партија, комуналната инфраструктура останува најважниот фокус од нашето работење, а општините кои го носат најдоброто плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.
* Водовод и канализација во секое населено место мора да има.
вАсфалт наместо кал.
* Чиста наместо загадена вода.
* Хигиена наместо ѓубре.
* Услуга за граѓаните наместо злоупотреба на парите на граѓаните.
Граѓаните на овие избори одлучуват кој инвестира во сегашноста, а кој го руши сработеното и враќа во минатото. СДСМ инвестира во сегашноста и така ќе продолжи и во следните четири години“, се вели во соопштението на партијата на власт.