СДСМ: Граѓаните се уморни од избори – нема предвремени парламентарни избори

од Берта Китинска
142 прегледи

Зад барањето за предвремени избори од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ смета дека зад тоа се крие стравот и нивната пуста желба да се дограбаат до власт по секоја цена.

„Барањето за брзи избори го покажува стравот на Мицкоски дека веќе се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но стравот од пресуди во судските процеси за тоа уште колку пари се украдени од партиската каса на ВМРО, како е направена белата палата во која се сместени Мицковски и „новите кадри на ВМРО“.Јасни се во ставот дека жителите на Р.С. Македонија се изморени од постојани избори.Граѓаните се уморни од постојани избори и очекуваат од овој состав во Собранието да реализира што е можно повеќе од ветувањата што партиите ги даваа на изборите во 2020 година. Државата заслужува една влада и партиите што го чинат парламентраното мнозинство да истераат цел мандат и потоа аргументирано пред следните избори да се расправа дали успела таа влада да ја спроведе својата програма. Повеќе од 15 години немало влада која заокружила цел мандат и на тоа мора да му се стави крај, предвремени парламентарни избори нема да има“ -порачува СДСМ.