СДСМ: Груевски напразно се лаже, го чека соочување!

од Vladimir Zorba
68 прегледи

На Никола Груевски му недостига здрав разум. Тој не може да се помири дека повеќе од една година не е премиер и дека што и да направи не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши!, порача СДСМ вечерва.

Груевски денеска беше во Струмица во придружба на владини функционери и посети некои објекти и проекти во тек.

„Затоа Груевски посетува студентски домови, проверува машини за перење, отвора сали, користи службен премиерски телефон, прави увиди со министерска придружба… Груевски е во бунило бидејќи не може да ги прифати промените што ќе се случат и правдата со којашто треба да се соочи за направените криминали и злодела на 10-годишната власт“, се вели во соопштението од СДСМ.