СДСМ: Груевски сака да седне на преговарачка маса и да се пазари за амнестија

од desk2
86 прегледи

Никола Груевски сака да седне на преговарачка маса и да се пазари за амнестија, тврди СДСМ. Но, нема пазар со криминалци! Ќе има промени и правда, порачуваат од оваа партија.

Груевски не е повеќе никаков фактор, и мисли дека повторно ќе стане ако измислува непостоечки теми, поттикнува нестабилност и ги вознемирува граѓаните.

700.000 граѓани преку своите 67 избрани пратеници формираа легитимно парламентарно мнозинство. Парламентраното мнзинство застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев како мандатар. Тој ја објави Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија.

Следен чекор во демократскиот процес е избор на нов собраниски претседател и формирање нова реформска Влада на граѓаните во брзо време.

Груевски е никој, бидејки никој не сака да коалицира со него и 100 изборни циклуси да има. Тоа е волјата на граѓаните.-одговори СДСМ на изјавата на Груевски.