СДСМ и коалицијата одлучија да не ги повлечат членовите во ДИК, но нема да учествуваат на избори

од desk3
86 прегледи

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со коалициските партнери од опозицијата.

СДСМ и коалициските партнери ги разгледаа начините за натамошно заедничко дејствување, по одлуката да не учествуваат на планираните лажни, нефер и недемократски избори.

Sredba-Zaev-so-koalicija1

Во таа насока СДСМ и партнерите од опозицијата одлучија утре да потпишат Платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија.

СДСМ и коалициските партнери се цврсто одлучни за заедничко и бескомрпомисно делување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата, правдата, вистината, иднината на Република Македонија.

Што точно според Бејли и Орав, се пропуштило на 6 април?

На состанокот, СДСМ и коалициските партнери едногласно одлучија опозицијата да не ги повлече своите членови од Државната изборна комисија. СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори, ниту пак ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори. Но СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на Избирачкиот список, со цел да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски.