СДСМ и колиционерите: Влада без Груевски услов за фер избори

од Vladimir Zorba

Преодна Влада во којашто нема да учествува Никола Груевски е основен принцип за да може да се гарантираат минимални услови за организирање на фер и демократски избори во Република Македонија. Само на тој начин ќе може да се стабилизираат институциите, да се нормализираат состојбите и да се вратат механизмите на контрола во општеството за конечно граѓаните слободно да ја искажат својата волја на демократски избори, е заедничкиот став на СДСМ, коалиционите партнери и партиите со коишто соработуваат.98911384-96D9-4016-8259-398E7C474C20_w308_h173

Денеска тие одржале состанок на кој Заев ги запознал присутните со тоа каков бил текот на лидерската средба одржана во Брисел, под покровителство на Европската унија.

На состанокот заеднички било констатирано дека можностите за продолжување на разговорите, на принципиелно и рамноправно ниво, може да се разгледуваат уште многу кратко време, стои во соопштението.

На состанокот се размениле и мислења за понатамошни активности и делување на опозицискиот блок. Во духот на демократските принципи и вредности консултациите ќе продолжат со граѓанските организации, граѓанските активисти и поддржувачи, како и во рамки на самите партии, стои во соопштението.

 

Слични содржини