СДСМ и опозицијата официјално го прекинува бојкото и се враќа во Собранието

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Пратениците на опозициската коалиција, по 15 месечниот бојкот, денеска се враќаат во Собранието на Македонија. За денеска нема закажано седница туку само комисиски расправи, но пратениците претпладнево ќе оддржат прес конференција , пред парламентот со што се очекува официјализација на прекинот  на бојкотот на парламентот од страна на СДСМ

парламент клупи

Настанот под наслов Одбележување на соработката меѓу Собранието и Вестминстер фондацијатавсушност ги  ги доведе опозиционерите  ивчера, ден  порано од планираното.

Според Рената Треневска Десковска, која ќе биде предложена за потпретседател на законодавниот дом, од 2008 до сега Собранието е во постојан залез и се претворило во привезок и горд послушник на Владата. Македонија, рече таа, не може да си дозволи постигнатиот договор повторно да биде прогласен за палома хартија.

Владеачките партии укажаа дека само по себе, Собранието е собир на различни идеи и мисли. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет појасни дека пратениците, министрите и другите функционери треба да бидат слуги на народот и да работат за интересите на народот. Потсети на една мисла на Шарл де Гол за демократијата.

 

Денечното големо враќањето во парламентот на пратениците од СДСМ и од коалиционите партнери сепак е само дел од договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјата.

„СДСМ со ништо нема да го прекрши постигнатиот договор. Нема да бидеме алиби за непочитување на договореното“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој додаде дека ако, според договорот, не се избере специјалниот обвинител, социјалдемократите ќе продолжат со објавувањето на таканаречените „бомби“.

Претседателот на парламентот Трајко Велјановски пак оцени дека сите политичари имаат обврска пред народот да си подадат рака на единство. „Да покажеме дека претставниците на народот промовираат единство и дијалог, а не конфликти и расправии“, рече тој

За денеска веднаш по прес конференцијата на СДСМ пред парламентот во стилот на владеењето на Власта, најверојатно ќе  се оддржи контрапрес на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но дилемата е кои од колиционите партнери ке се појават заедно со ВМРО ДПМНЕ, со оглед на тоа што нивните нанјсилни клучни коалициони партнери , пратеникот Павле Трајанов (ДС) најави независни и самостојни настапи, а пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ) исто така го следи тој одиум.