Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи петтото продолжение на 73. седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог буџет за 2016 година на Република Македонија.Но тоа не е се.

Тоа таму е јавна пресметка меѓу власта и опозицијата. Но вистинската војна и судир со серозни потреси за финасиите на власта на Груевски , се случува ,не за буџетот ,туку за евро обврзница од 500 милиони евра , посочуваат за Локално.мк извори од Министерството за финасии.
Министерот на Груевски , Зоран Ставревски и сега заменскиот министер од СДСМ Кире Наумов , кој им дише во врат на властодршците , се во жесток судир со блокирањето на новото планирано задолжување на државата од Груевски.
Заменскиот министер Кире Наумов не му потпишувал на Ставревски одобрување за новата еврообврзница од 500 милиони евра, која сака Ставревски итно да ја земе од Дојче Банк. Како што посочуваат извори од министертвото за Локално.мк, судирот е толку силен што и Дојче Банк сега изразува резерви и веројатно за да ги одобри парите ќе бара потпис не само од Ставревски и Груевски туку како гаранција и од опозицискиот зам.министер Наумов.
Парите владата на Груевски планирала да ги потроши за буџетски расходи, како и за враќање на доспеан кредит, од околу 170 мил евра.. Од опозициски извори не потврдуваат ниту демантираат , но велат дека едно е точно дека нема предизборно да се фрлаат пари за да се освои власт и дека нема да има нови задолжувања, а потоа да се земаат други кредити за да се враќаат старите долгови од кои освен небулозните проекти како „Скопје 2014“ и барокни фасади за фрустрациите на власта, граѓаните немаат никаква корист.