СДСМ: Има голема разлика, Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција

од Берта Китинска
77 прегледи

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски се грижи за националните интереси, достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор.Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија, велат од СДСМ.

-Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не се спротивставиле на спорната Резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат.Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија, велат од владејачката партија.