СДСМ: Имаме за што да се радуваме и гордееме – отворено ново поглавје за иднината на граѓаните

од Nikola Popovski
132 прегледи

Македонија почна преговори за членство во Европската унија, при што нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од големото европско семејство, порачаа утрово од СДСМ.

-По 17 години чекање, отвораме ново поглавје за иднината на сите граѓани за забрзан развој, напредок и стабилност, отворивме нова страна на европски развој, можности и просперитет, додаваат од партијата.

Со почетокот на преговорите, велат од СДСМ, обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, култура, и посебност, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на ЕУ.

-Имаме за што да се радуваме и да се гордееме. Остваруваме уште една стратешка цел, стои во партиското соопштение на СДСМ.