СДСМ имаше 7 години да провери дали Михајлов направила некаков криминал во Еразмус, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС имаше можност 7 години да провери и да расчисти доколку имало некаков криминал. Но, на нив им одговараше Лидија Димова и таквите како неа, а секако тоа му одговарало и на тогашниот претседател Заев, кој можеби со тие пари и си ја има купено јахтата, во која заедно со Филипче уживаат на Егејското море“

од Vladimir Zorba
46 прегледи

„СДС денес повторно вели дека имало спорен момент во раководењето на Националната агенција Еразмус +, односно бил спорен моментот од 2014 година до 2017 година“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската партија.

„Да потсетиме, СДС беше на власт 7 години од 2017 година до лани. Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и омаловажуваа како Гордана и Миле, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Јованче Манасков од СДСМ што МИА ја пренесува интегрално.

СДС имаше можност 7 години да провери и да расчисти доколку имало некаков криминал. Но, на нив им одговараше Лидија Димова и таквите како неа, а секако тоа му одговарало и на тогашниот претседател Заев, кој можеби со тие пари и си ја има купено јахтата, во која заедно со Филипче уживаат на Егејското море.

Лицемерието на СДС е огромно. Нивните поранешни функционери тонат во криминал и корупција, нема институција во која немаат направено криминал, ама затоа имаат судии и обвинители кои ги штитат. И на ова ќе му дојде крајот“, се додава во реакцијата.

Слични содржини