СДСМ: Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски

од Даниел Ѓорѓиевски
14 прегледи
Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски, обвинуваат од опозициската СДСМ
Преку соопштение од најголемата опозициска партија обвинија дека Државниот инспекторат за труд ги одјавил сите инспектори од Трудовиот инпкторат од Агенцијата за вработување со што според СДСМ се доведува во прашање постоењето на институцијата.
,,СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување. Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа” стои во соопштението.
Од СДСМ обвинуваат дека по отпуштањето  на сите инспектори се доведуваат во прашње сите инспекциски надзори кои според опозицијата доколку се спроведуваат се нелегални и незаконски.
,,Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво. Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски. Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки. И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени! Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права”, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини