СДСМ исплати 381,6 милиони евра за земјоделците, прв пат субвенции и за малите земјоделски стопанства

од Aleksandar Petrovski
273 прегледи

Земјоделството и руралниот развој се приоритети за СДСМ, изјави на денешната прес конференција Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Од почетокот на мандатот досега за агросекторот исплативме финансиска поддршка од околу 381,6 милиони евра.

За прв пат субвенции добиваат и малите земјоделски стопанства, кои имаат обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар.

На сметките на 1.447 земјоделци кои имаат мали земјоделски стопанства деновиве легнаа 11,3 милиони денари.

Финасиската поддршка за сите земјоделци кои имаат производни капацитети од 0,2 до 0,5 хектари, изнесува 6.000 денари по земјоделско стопанство, а корисниците со производни капацитети од 0,5 до максимум 1 хектар, добиваат 12.000 денари по земјоделско стопанство.

Изминатиот период, ги исплативме субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.

Продолжуваме со редовна и неселктивна исплата на субвенциите на сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Почитувани,

Во изминатиот период покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството како клучна стопанска гранка. По тој пат продолжуваме и во новиот мандат.

Мерката зелена нафта даде одлични резултати и опфати 55.000 земјоделци, затоа до крајот на мандатот процентот кој ќе биде субвецниониран од 30 го зголемуваме на 100. Тоа значи бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци до 2024 година.

Обезбедуваме и двојно повеќе пари за поврат на персонален данок кај земјоделците.

Продолжуваме со навремена и неселективна исплата на субвенциите.

На прав пат сме!

Слични содржини