СДСМ повторно соопшти дека дипломатската изолација на премиерот Христијан Мицкоски се покажа во Давос на Светскиот форум. Како што велат, премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер.
-Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните. Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан. Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.
Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор. Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ, истакнуваат од „Бихаќка“.
СДСМ повикува на заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Македонија.