СДСМ ја отфрли понудата на Максим Димитриевски

Од политичката партија СДСМ соопштија дека не ги прифаќаат условите за соработка кои вчера до нив ги упати лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Според нив станува збор за измама.

од Milan1
229 прегледи

Од политичката партија СДСМ соопштија дека не ги прифаќаат условите за соработка кои вчера до нив ги упати лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. Според нив станува збор за измама.

– Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени, велат од партијата.

Вчера Максим Димитриевски, претседателот на ЗНМ рече дека единствен услов за евентуална соработка со СДСМ е оставка на раководството на партијата во рок од 24 часа, а носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.

– Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности. СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ. Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини