236
МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин како со двете директорки, бараат од СДСМ по обвинувањата за сертификатот по англиски јазик на првиот човек на АНБ. Од најголемата опозициска партија велат дека полицијата не треба да чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.
-И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ, истакнаа од партијата на Венко Филипче.