Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи продолжува да манипулира со ранливите категории граѓани, што беше одлика на режимот на Никола Груевски.
Нејзиното денешното излагање е добро познат стил на ВМРО-ДПМНЕ за класична манипулација пред избори.Иако и самата знае дека во моментов не се возможни вработувања, Мизрахи свесно и лицемерно ја манипулира оваа ранлива катеегорија и ја злоупотребува за личен, но и партиски маркетинг.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за децата без родители граѓаните имаа можност да чујат од објавените разговори каде се слуша како поранешната директорка на Домот 11 октомври, нтерала неколку штитеници од домот со наполнети 18 години да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.
Ништо ново и овој пат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно со истите тактики на манипулации и лаги. Мизрахи продолжува онаму кадешто застана Груевски, сопрен од граѓаните.
За разлика од таквиот однос, СДСМ за само две и пол години преку воведување на социјалната реформа вистински се заложи и застана на страната на интересите на сите граѓани, со посебен акцент на ранливите категории, а во Домот 11 октовмри веќе нема штитеници, туку сите тие живеат во мали групни домови.
Денес, некогашните маргинализирани категории на граѓани се активни учесници во општествениот живот. Затоа на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!