СДСМ ќе ја креира програмата со граѓаните

од Aleksandar Petrovski
196 прегледи

Програмата на СДСМ за следните четири години сакаме да ја креираме заедно со вас, за вас.

Особено задоволство ни е да ве поканиме на нашата прва програмска трибина “Иноватива” која ќе се одржи во петок, на 20-ти декември, во 18:00 часот во Музеј на Град Скопје.

На оваа трибина заедно со вас ќе ги дискутираме најновите трендови во екомонијата со посебен фокус на технологии, стартапи и претприемништво.

Говорници на трибината ќе бидат:
●Аријана Коскарова од Creative Hub
●Нина Николиќ од стартап Македонија
●Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација
●Кирил Колемишевски, Заменик министер за економија
●Илијанчо Гаговски, IT експерт и претприемач

Трибината ќе ја модерира Коста Петров, Потпретседател на СДСМ и основач на Пи Ворлд.

Заедно да ја креираме програмата со која во следните четири години ќе го подобриме квалитетот на живот на сите граѓани и ќе придонесеме за развој и напредок на државата, се вели во поканата за програмската трибина на СДСМ.