СДСМ: Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е осудена на пропаст и нов пораз

од Берта Китинска
409 прегледи

Ништо ново нема во ВМРО-ДПМНЕ исти, истрошени кадри кои во времето на режимот биле носители на државни функции, денес Мицкоски ги претставува како нови лица и на тој начин ги потценува граѓаните.Со таква понуда, со таков однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да очекуваат сигурен пораз на локалните озбори, вели Стефан Васев од СДСМ.

Тоа му е јасно и на самиот Мицкоски, затоа денес соочен со стравот од празот, коалицира со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.

-Од немај каде Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на 27 април го нападнаа во Собранието и му нанесоа тешки телесни повреди.Тие луѓе кои се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, Мицкоски до ден денес ги нарекува „уставобранители и чесни луѓе“.Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е принудна и вештачка и како таква, осудена е на пропаст и нов пораз на изборите, вели Васев.

Слични содржини