СДСМ: Кочоска да кажe дали секој кандидат ќе биде примен кај неа или оваа гостопримливост важи само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ?

од Nikola Popovski
155 прегледи

СДСМ упати обвинувања кон министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска за партиска злоупотреба на државна функција. Од партијата истакнаа дека министерката во работно време, во кабинетот на Министерството, примила и промовирала кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи „како да се наоѓа во партиски штаб, а не во државна институција“.

-За ова уште се пофалила на Фејсбук како да е дел од нејзините работни обврски. Наместо да се справува со инфлацијата, дефицитот и економскиот хаос кој го создава нејзината Влада, Димитриеска-Кочоска води кампања за ВМРО-ДПМНЕ, од државна функција, со државна плата и во државни простории.

Мешањето на партијата и институциите беше и останува заштитен знак на Владата на Мицкоски. Министерството за финансии, кое треба да биде симбол на одговорност и неутралност, станува алатка за партиски цели и кампањи, наведуваат од најголемата опозициска партија.

СДСМ бара од Димитриеска Кочоска да каже дали секој кандидат ќе биде примен кај неа или, како што велат, оваа гостопримливост важи само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто граѓаните да ја плаќаат неа и вработените за да тера партиски агенди, прашуваат од „Бихаќка“.

Министерката објави на социјалните мрежи дека имала пријателска и конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и пратеникот Тони Јаревски.

-Разговаравме за претстојните локални избори и за важноста на визијата и одговорниот пристап во управувањето со општините. Карпош заслужува нова енергија посветена на граѓаните, чесна и ефикасна локална власт, стои во објавата на Димитриеска Кочоска.

Слични содржини