СДСМ: Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

„Нема одговор на овие прашања за тоа што одговорноста за нарко скандалот е во врвот на власта“

од Vladimir Zorba
41 прегледи

„Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара. Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски… Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко“, велат денска од СДСМ.

„Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле.

За производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари – што е еднакво на над 40 фудбалски стадиони.

Кој дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија?

Зошто не била направена ниту една теренска контрола?

Значи две години МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, инспекторатите не презеле ништо.

Како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога како се транспортира, складира, пакува?

Што правеле АНБ и АР?

Поминале 5 тони дрога преку граница, шлепери и шлепери, покрај 65 илјади камери од „Сејф сити“, покрај скенери, контроли, полиција и царина и никој ништо не знае?

Нема одговор на овие прашања за тоа што одговорноста за нарко скандалот е во врвот на власта.

СДСМ нема да дозволи овој нарко скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, додаваат оттаму.