Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, при реклика од собраниската говорница ги наброја топ десетте лаги на Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.
„Мицкоски лажеше за асимилација и бугаризација – сега сме горди Македонци кои зборуваат македонски јазик. Лажеше дека нема да почнеме преговори – тече скрининг процесот. Лажеше Мицкоски за набавка на 100 електрични автобуси за Скопје, лажеше за фабрика за автобуси во Скопје со 500 вработени, лажеше дека Данела не е во коалција со ВМРО-ДПМНЕ. Лажеше дека нема струја дека ќе има рестрикции – струја има доволно. Исто како што лажеше дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за 30-40 проценти – цената на струјата падна. Мицкоски лажеше дека цената на нафтата ќе се зголеми – имаме најевтина нафта на целиот Балкан. Лажеше цело време дека 2021 година ќе има избори, па лажеше за предвремени избори 2022 во мај, и повторно лаже дека ќе има некакво парламентарно мнозинство“, подвлече Костовски.
Пратеникот Костовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е зависна од власт, исто како што Мицкоски е зависен од парите од Будимпешта.
„Кога сте зависни од форинти конвертирани во денари мора да одработувате и да бидете киднапирани од политичари кои се против ЕУ“, истакна тој.