Димитар Ковачевски со државнички и одговорни политики ја носи земјата кон полноправно членство во Европската унија, соопштија утрово од СДСМ.
Според партијата, „со СДСМ иднината на државата е европска, преговoри со ЕУ на големата маса за полноправно членство во унијата како Македонци со заштитен македонски јазик и македонски идентитет“.
Од таму потенцираат дека „дијаметрално спротивно е деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски“.
-Денес како опозиција и претходно 11 години како власт само декларативно се залага за членство во ЕУ, а од друга страна прави се за блокирање и опструирање на евроинтеграциите. Мицкоски им го нуди на граѓаните тоа што го претрпеа 11 години, поделби по сите основи, држава скарана со сите соседи, во меѓународна изолација и далеку од преговори за членство во ЕУ, велат од „Бихаќка“.