СДСМ: Крај на мигранти се става кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпишат Резолуцијата

„Не ставија крај тие на ништо туку започнаа и отворија врата за мигранти во Македонија“, порачаа од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: СДСМ

Најголемата опозициска партија СДСМ бара од своите политички ривали ВМРО-ДПМНЕ да не изнесуваат лаги. Велат дека „не ставија крај тие на ништо туку отворија врата за мигранти во Македонија“.

-Крај на мигранти се става кога ќе ја потпишете Резолуцијата на СДСМ во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Ете така се става крај. Цела недела ги повикуваме, ајде заедно, потпишете. Но ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат. Бегаат од одговори и бегаат од потпишување на Резолуцијата, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека веќе на сите им е јасно како има договор – мигранти за пари.

-Затоа поднесуваат контра Резолуции. Една порака од опозицијата до власта: Во ДПМНЕ-ЗНАМ треба да ви биде јасно дека СДСМ заедно со граѓаните ќе стави крај на вашите предавнички и криминални политики. Нема да дозволиме мигранти, нема да дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата, нема да дозволиме изолација. Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате, порачаа од СДСМ преку партиско соопштение.

Власта и опозиција со меѓусебни обвинувања. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснувааткој пред четири години сакал да прифати мигранти…

-Пред четири години владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев нудела да прими мигранти во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое според партијата јасно се гледа дека тогашната власт сакала да гради мигрантски кампови, а лидерот на СДСМ, Филипче, на ова не се противел. Ова е вистината за темата со мигрантите, наместо лажни вести да одговорат колку мигранти сакале да примат во земјава, побараа од ВМРО-ДПМНЕ