СДСМ: Крвавото сценарио на Мицкоски требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос

од Vladimir Zorba
176 прегледи

„Нема граница деструктивното и опасно однесување на Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски кој денеска се претставува како наводна жртва со цел дополнително да ја радикализира атмосферата, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците беше режисер на крваво сценарио кое за среќа не успеа“, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на опозициската партија за српска „Прва“.

„Таквото крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност.

Таквото сценарио не успеа, нема да успее ниту ова глумење жртва од страна на Мицкоски кој веќе не бира средства да ја блокира интеграцијата на државата во ЕУ, на што поддршка добива единствено од неговиот коалициски партнер, Левица“, се додава во реакцијата.

Слични содржини