СДСМ: Куманово чека правда за скандалите нa Димитриевски и кумските шеми со профити од 350.000 евра

од Nikola Popovski
28 прегледи

СДСМ критикува дека скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница. Од партијата велат дека станува збор за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на интереси, перење пари и коруптивни шеми, злоупотреба на функцијата и институциите во Општина Куманово.

-Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски. Кумот на Димитриевски купува земјиште од семејството на Димитриевски за 248.000 евра а само месец дена подоцна тоа исто земјиште го препродава на ЛИДЛ за 600.000 евра. За ова земјиште се менува и ДУП-от за кој гласа братот на Митевски кој е координатор на советничката група на ЗНАМ, порачуваат од СДСМ и бараат одговор од надлежните институции како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра.

СДСМ јавно повикува Антикорупциска комисија да отвори предмет за скандалите со Димитриевски, како и Финансиска полиција и Јавното обвинителство да постапат по допрен глас.

-Значи кумот купува, продава, заменува препродава и најважно од се профитира. А сето тоа е индеиректно овозможено од Димитриевски, децидни се од најголемата опозициска партија.

Слични содржини