Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 денари. Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата, велат од најголемата владеачка партија.
Од партискиот табор од „Бихаќка“ додаваат дека овие цени дополнително ќе се намалуваат и со последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи.
-Поевтината струја ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто. Со СДСМ, како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и компаниите, во кризата никој нема да биде оставен сам, стои во соопштението од владеачката партија.
Оваа мерка, дополнета со останатите антикризни мерки на Владата имаат цел да помогнат на граѓаните полесно да се справат со последиците од енергетската и економската криза, а од друга страна да помогнат на компаниите да останат ликвидни.