144
„Мнозинството граѓани на вчерашните парламентарни избори гласаше за промени. Таквата волја на граѓаните стана евидентна и покрај бројните примери на притисоци, заплашување и купување гласови.
Согласно резултатите од аналитичкиот центар на партијата, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51, додека ВМРО-ДПМНЕ освои исто така 51 мандат.
Шпекулациите со изборните резултати кои ги прави Собранието на РМ на својата веб страна е спротивно на закон. Собранието нема никава улога во изборниот процес“, се вели во соопштението на СДСМ.