СДСМ: Маркоски го предлага швескиот модел или во превод „дај боже повеќе да се разболат“

309 прегледи

ДПМНЕ прави огромна штета, ти се најголема закана и опасност за здравјето на граѓаните.

Скандалозно, послушникот на Христијан Мицкоски, Вело Марковски најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката за носење заштитна маска на отворено, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето.

Со ова Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот.

Марковски го доведе во прашање и постоењето на вирусот, бидејќи според него за скоро ни еден починат нема научен доказ дека причината за смртта е ковид.

Ги нападна и своите колеги лекари, кои деноноќно речиси девет месеци се борат со пандемијата и им порача дека не треба да има даваат антибиотици на заболените, но и дека во последно време сите што починале имале бактериски пневмонии.

Повторно пред граѓаните ја истакна својата контрадикторност. Од една страна се залага за шведскиот модел за колективен имунитет и вели „дај боже повеќе да се разболат“, а од друга, смета треба да се заострат мерките ако се оптовари здравствениот системот за да му се даде „одихочка“.

Не се знае во ВМРО ДПМНЕ кој е поголема катастрофа, дали Мицкоски дали Марковски.

Слични содржини