СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

од Nikola Popovski
30 прегледи

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани. Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија, обвинија од СДСМ за денешната посета.

Според СДСМ, ова требаше Мицкоски да го праша неговиот унгарски колега.

-Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи.

Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски.

Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

Лавина реакции од сите страни за одвојувањето на Македонија од Албанија, на патот за интеграција во ЕУ. Земјата ќе ги отвори првите кластери на преговори на 15-ти октомври. Ставот на Европската комисија е дека Македонија треба да ги исполни критериумите, односно да ги изгласа уставните измени.

Слични содржини