109
На Град Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
Од владеачката партијата потенцираат дека „шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица беше тој кој ја промовираше Арсовска и бараше поддршка за неа претставувајќи ја како најуспешна менаџерка“.
-Денес Град Скопје уназадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ги изневери граѓаните на Скопје, со Арсовска Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема реализација на нови и продолжување на наследени проекти, но затоа има кавги за медот и партиски вработувања во градската администрација, стои во партиското соопштение од СДСМ.