СДСМ: Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани

од Илинка Илиоска
24 прегледи

„Бегството на Рамадани е огромен мега скандал за кој мора да има одговорност,“ соопшти СДСМ, упатувајќи критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според СДСМ, организираната партиско-полициска шема за ослободувањето на Рамадани претставува сериозен удар врз владеењето на правото.

Од СДСМ велат дека Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го прикрие.

„Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?“ прашуваат од СДСМ, инсистирајќи дека наредбата за реализација на оваа партиско-полициска шема доаѓа од највисоките кругови.

СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да спроведе независна истрага и да не штити никого во овој скандал. Дополнително, тие инсистираат на декласификација и објавување на снимките од граничниот премин за да се открие вистината.

„Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако,“ додаваат од СДСМ, повикувајќи го министерот Тошковски да си даде оставка, а ОЈО да отвори постапка за организираното ослободување на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир.

Слични содржини