СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс со ЕУ на македонски јазик

од Nikola Popovski
112 прегледи

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на чист македонски јазик, соопштија попладнево од СДСМ.

Според владеачката партија, тоа што се случи е исклучително важен и историски настан за македонскиот народ, затоа што целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на рамниште на сите останати 24 јазици во Унијата.

-Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага. Затоа ли Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата?, прашаа од СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес истакна дека е добро е што договорот со Фронтекс се потпиша затоа што ќе биде додадена вредност во сферата на безбедноста, но сепак тој претставува еден од десетиците, ако не и стотици што Македонија на македонски јазик го има потпишано со меѓународни институции, вклучително и со Европската Унија.