Случајот Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ, но го покажа и вистинското лице на Мицкоски кој го брани криминалот во Скопје 2014 велат од СДСМ.
„Нема промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од времето на Никола Груевски.
Мицкоски сака да биде судија и обвинител, тој да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не треба за сторен криминал. Исто како Груевски.
Тоа од една страна е рушење на правниот поредок на земјата а од друга страна желба за ставање над Законот и Уставот.
Ниту е Мицкоски над Законот ниту над Уставот и желбата на Мицкоски нема да се исполни.
Сите што се огрешиле ќе сносат одговорност преку соодветна законска постапка и пред надлежни судски институции, се вели во соопштението од партијата“, порачаа утрово од СДСМ.