СДСМ: Мицкоски ќе го дочека изненадување на изборите

од Nikola Popovski
273 прегледи

Мицкоски не е ни свесен каков гнев и незадоволство постои меѓу граѓаните од неговите политики, а изненадувањето ќе го дочека на изборите, рекоа денеска од СДСМ за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски. Според партијата, разбирливо е дека премиерот ќе мора да ги убедува граѓаните и најавува големи победи, затоа што е свесен дека, како што велат, задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден.

Партијата на Венко Филипче критикува дека актуелната владат за десет месеци, како ураган, ја уништи економијата, го срози стандардот и ги закопа перспективите.

-Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Не реализираа ниту еден проект, туку сѐ уште отвораат инвестиции на СДСМ и се сликаат гордо пред успесите на минатата влада, тврдат од партијата од „Бихаќка“.

Мицкоски се осврна и на актуелните политички состојби и посочи дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува за интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги објават во два циклуса, а првиот ќе започне крајот на месецов по одржани состаноци на ИК и ЦК на ВМРО ДПМНЕ.

-Пред нас се локалните избори. Кандидатите за градоначалници ќе ги објавиме во два циклуси, а првиот ќе биде кон крајот на месецов. Тоа што можам да го соопштам е дека нашите кандидати речиси во сите општини водат најмалку 3 до 4 пати, во споредба со кандидатите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а прашање е дали опозицијата ќе освои 2,3 или 4 општини. Нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина, кажа Мицкоски.

Слични содржини