СДСМ: Мицкоски преку Ковачки води анти-НАТО хајка против Петровска

од Nikola Popovski
160 прегледи

СДСМ утрово обвини дека лидерот на опозицијата „Христијан Мицкоски, очаен и фрустриран што државата предводена од СДСМ оди напред, преку дезертерот Драган Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката за одбрана Славјанка Петровска“.

Според партијата на власт, „со лични навреди и обиди за дискредитација, сеење дезинформации и ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ го допре дното“.

-Мицкоски за вакви грозни и непримерени манипулации го избра дезертерот Драган Ковачки, кој ја посрамотил униформата на АРМ и го одработува за Белата палата, она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши и плука, да шири лаги и невистини.

Вистината и фактите ги демантираат лагите на Ковачки, за пласираните невистини следуваат тужби и судска разрешница.

Мицкоски останува анти-ЕУ и анти-НАТО политичар, кому фотелјата му е пред интересите на граѓаните“, соопшти СДСМ, велат од СДСМ.

Вчера Ковачки од собраниската говорница му предочи на премиерот дека треба да ја разреши министерката за одбрана затоа што се работи за неспособна личност да извршува таква функција која е подолго време на седативи.

-На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист психијатар, цитирам: Ѝ се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка според извештајот, чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптеретен мисловен процес. На министерката ѝ е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, изјави Ковачки.

Петровска му врати дека ќе добие тужби за клевета.

-Ковачки да се се увери дека сум здрава и стабилна за да одговарам на сите лаги. Тоа вештачење што го откривате се однесува на моето однесување по изнесувањето на вашата лага од пред неколку месеци. Во тоа вештачење пишува и што го предизвикало тоа однесување. За сите ваши лаги ќе се видиме на суд. Ќе се видиме на суд и за лагата дека припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово. Ова е офоцијален допис од косовските служби кои тврдат дека таков настан немало. Ако имате сомнеж за моите одлуки дали се согласно законот или не, има инструмент кој се вика интерпелација, не мора да го прашувате премиерот за моето разрешување, рече Петровска на собраниската седница наменета за пратенички прашања.

Слични содржини