СДСМ: Мицкоски со часовници од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошнишка

од Nikola Popovski
317 прегледи

Премиерот со лукзусни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере, велат од СДСМ по најавите дека Владата има намера да ја промени методологијата во пресметката на синдикалната минимална кошничка. Според партијата во опозиција, проблемот не е што јаде премиерот Христијан Мицкоски, туку, како што велат, што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби.

-Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат. Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат, порачаа од „Бихаќка“, додавајќи дека минималната плата не смее да биде под 500 евра.

Мицкоски вчера изјави дека ја видел досегашната методологија и забележал неколку чудни работи, како на пример, во месец јануари ги имало производите како диња, лубеница, грозје, кајсии…Смета дека и цигарите не треба да бидат во минималната кошничка.

„Ја добив таа методологија и ја читав, и забележав работи кои навистина ми делуваат многу чудни. Еве, јас во јануари дел од овие производи не ги пробав – диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски. Не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари. Малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка“, изјави Мицкоски.

За таа цел, смета дека треба да има интервенција во методологијата на минималната кошничка, врз основа на објективни параметри, со земање предвид на поскромни цени, а не со тие во поексклузивните супермаркети.

Според пресметката на ССМ, минимална плата земаат 25.000 работници, а под просекот нешто повеќе од 10.000 граѓани. Колку за споредба, во јануари, во споредба со истиот период мината година, потрошувачката кошница поскапела за 100 евра.

Слични содржини