СДСМ: Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски

од Nikola Popovski
67 прегледи

Mинистерот Горан Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд, забележуваат од СДСМ. Во своето соопштение додаваат дека „Минчев потврдил дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски“.

Од партијата на Венко Филипче велат и дека со денешната прес-конференција, „Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле исправни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди“.

Министерот денеска на прес-конференција информира дека исклучиво експерти работат на темата со нов закон кој треба да го замени укинатиот „балансер“, со цел повторно да не дојде до закон кој би подложил на укинати членови на Уставниот суд. Министерот појасни дека тоа е работна група во Владата, во која тој не учествува и не можеше да каже кои имиња се дел од составот на групата.

По одлуката на Уставниот суд, ДУИ оценува дека се можни тензии. Партијата не исклучува ниту протести, ниту поддршка за законот за правична застапеност, под услов да ги гарантира правата на сите заедници.

ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон ДУИ дека злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација, иако интегративците претходно се согласиле за укинување на балансерот.

Укинатиот „балансер“ се применуваше од 2015 за да обезбеди правична и соодветна застапеност, но во пракса се покажа дека алатката често се злоупотребуваше.

Слични содржини